Над 600 домаќинства добија субвенции за соларни панели
Над 620 нови домаќинства добија субвенции за инсталирање на сончеи колекторски системи. Министерстовото за економија го објави списокот на добитници по пат на јавно извлекување. Државата покрива 30 отсто од инвестицијата или најмногу до 300 евра од трошокот
Проектот се спроведува речиси секоја година од 2007 и досега на овој начин субвенционирани се 3612 домаќинства, со вкупно 46 милиони денари.
Во 2016 за оваа намена се потрошија 6 милиони денари додека во буџетот за 2017 предвидени се рекордни 16 милиони денари со што ќе се субвенционираат многу повеќе домаќинства од досега. Македонија е меѓу земјите со најголем број на сончеви денови, но и се уште меѓу тие со најмал број на соларни панели.
Учестовот на обновливи извори во домашното производство на струја е 33,3%.