Вести
Дополнителни субвенции за развој на свињарството
Поради зголемениот увоз и помалата потрошувачка на свинско месо во зимските месеци фармерите трпат загуби. Годинава велат е најкритична и неможат да се справат со трошоците за одгледување на добитокот.
Од тие причини Министерството за земјоделство планира да обезбеди дополнителни субвенции кога има пад на побарувачката на свинското месо, односно во периодот од октомври до мај.
За гоеници потешки од 120 килограми, се планира сточарот да добие дополнителни 1.000 денари.
Финансиска поддршка се планира и за складирање на месото во ладилници.