Земјоделците имаат рок до 31 јануари да поднесат барање до УЈП за паушално оданочување
Сите граѓани кои остваруваат приход од земјоделска дејност, односно од производство, доработка, преработка, пласман на сопствени земјоделски производи и од одгледување на добиток и други стопанско-корисни животни и пласман на нивните производи во висина до 1 300 000 денари, можат да бидат оданочени на паушална основа. Најдоцна до 31 јануари треба да поднесат барање за оданочување во УЈП. Паушалното оданочување ја опфаќа онаа категорија на земјоделци кои земјоделската дејност ја обавуваат како основно или како дополнително занимање. За основно занимање, со остварениот приход до 300.000 денари граѓаните се ослободени од персонален данок на доход.
-За дополнителна дејност даночните олеснувања се до 80 %. Значи, земјоделецот кој остварува приход од земјоделска дејност и е регистриран како дополнителна дејност, на 20 % од приходот плаќа 10 % данок- изјави Маре Данкова, портпарол на регионална канцелира УЈП-Штип
До 15 јануари пак е крајниот рок за поднесување пријава до УЈП за сите земјоделци кои во текот на 2015-та година оствариле приход над милион денари, за да бидат регистрирани како ДДВ обврзници.