Арачиново, бирократски проблеми при компензирање на штетите од градот
Земјоделците кои претрпеа штети од минатонеделните врнежи од град се соочуваат со бирократски проблеми за да обезбедат компензација од страна на Министерството за земјоделство. Меѓу главните проблеми е сопственоста на земјиштето. Земјоделците од регионот на Арачиново бараат надлежните од Министерството да излезат на терен за да ја утврдат фактичката состојба.
„Имаме многу проблеми. Проблем ни претставува тоа што нотарот овластувањето кое го дава на мајката или таткото, не го прифаќа, велат мора да имаш своја жиро – сметка во банка, а потоа да дојдеш да ја пријавиш штетата. Документацијата ни ја комплицираат, не вртат горе доле“.
„Не е прв ден што доаѓаме, една многу голема процедура е, и повеќе ни кошта документацијата, отколку оштетата. Проблем претставува и сопственоста , речиси 90 отсто од жителите немаат имотен лист, имотот е на име на дедовците и прадедовците и ова претставува проблем“. – велат земјоделците
Во Министерството за земјоделство се пријавени над 150 земјоделци од сите градови на Македонија. Рокот за пријавување на штетите завршува на 30 јуни.
Во минатонеделните врнежи проследени со град најтешко поминаа земјоделците од селата во општина Арачиново и Гази Баба, чии земјоделски култури речиси 90 отсто се уништени.