Вести
Владата набавува тазе месо
Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија објави оглас за набавка на свежо месо. Според објавата на Електронскот систем за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 1.500.000 денари без ДДВ.
Набавката опфаќа свежо јунешко, свинско и прасечко, јагнешко и јарешко месо.
Критериум за добивање на договорот е најниска цена.