fbpx
Вести

Катастрофална сезона – земјоделците бараат помош од Владата

zemjodelci

Со 30.000 денари по хектар да се обештетат земјоделците чии посеви ги изгоре сушата, а годината да се прогласи за елементарна непогода за житните растенија, бара Асоцијацијата на земјоделци.

Со 30.000 денари по хектар да се обештетат земјоделците чии посеви ги изгоре сушата, а годината да се прогласи за елементарна непогода за житните растенија, бара Асоцијацијата на земјоделци. Иницијативата доставена до министерството доаѓа по катастрофалните приноси ожнеани кај јачменот. Од Асоцијацијата децидни, како што се направи проценка на штетите од градот и поплавите, комисиите да излезат на терен и да ја утврдат штетата од сушата кај житариците.
-Како што викаме дека оваа Влада е реформска ,дека сака да им помогне на земјоделците, значи не треба многу да размислува, него што поскоро  затоа што веќе е почната жетвата ,да излезат на терен, да ги сумираат штетите и да се договорат дали ке има обештетување или не-вели  Ефтим Шаклев-прет.на Асоцијација на земјоделци.
Да се спасат земјоделците и истовремено да се ублажат последиците  од временските неприлики, од асоцијацијата бараат и други олеснувања за земјоделците.
Сите што имаат земја под концесија да не ја плаќаат концесијата, да не плаќаат воден допринос ,да бидат ослободени,бидејки не можат да ги платат,немаат жетва,немаат приноси,немаат никакви приходи за да можат да си ги подмират обврските –вели Шаклев.
Со намалени приноси до 70% стартуваше жетвата на јачменот, а загуби во приносите до 50% се очекува и кај пченицата .

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close