fbpx
Вести

Нов проект на МЗШВ поддржан од ЕУ, соединување и размена на земјоделските парцели

zemjodelstvo

Сите земјоделци, кои имаат земјоделско земјиште, на повеќе локации, преку новиот проект на ресорното министерство ќе можат да го соединат земјиштето, односно да направат размена со нивните соседи. Преку овој тип на консолидација на земјиштата ќе се зголеми ефикасноста на земјоделското производство, што ќе влијае во порастот на животниот стандард во руралните заедници, тврди министерот Љупчо Николовски.

Според него, целта на овој проект е секое семејство да има една голема парцела наместо да има повеќе парцели на различни локации.

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар истакна дека сите фарми во Македонија се мали и поседуваат парцели на различни локации, што чини повеќе време и средства.

Проектот кој ќе трае 3 и пол години и ќе чини 2.5 милиони евра. Проектот „Mainland” ќе биде финансиран од ЕУ, а ќе се спроведува од страна на Организацијата на Обединетите нации за храна и агрокултура.


 

тв21тв

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close