Предлог: Пет летни салати
Во лето сè што сакаме да јадеме се свежи зеленчуци. Ако добро ги комбинирате и им додадете малку месо, млечни производи и зачини, направите нови комбинации, тогаш имате разновидно мени со месеци.
Овие 5 салати се прават за 5 минути и од состојки кои ги имате во фрижидер секој ден.
За појадок, ручек или вечера:
1. Салата од грозје, диња и фета
Состојки:
- Зелена салата
- 100g фета сирење
- 1 мала шолја грозје
- 300-400g диња
- Малку сечкани бадеми
- 2 лажички маслиново масло
Исечкајте ги сите состојки, измешајте и полијте со маслиново масло. Нема потреба да посолувате.
2. Краставица во павлака
Состојки:
- 2-3 свежи краставици
- 1/3 шолја кисела павлака
- Малку оцет
- Копар
- Сол
Измијте ги краставиците, не ги лупете и исечкајте ги на тенки кругови. Додадете ја павлаката и измешајте. На крајот посолете, зачинете и додадете оцет.
3. Салата од лубеница и краставица
Состојки:
- 250g лубеница исечена на коцки
- 2 средни краставици
- 120g фета сирење
- Босилек по вкус
Исечканите коцки лубеница помешајте ги со дебели кругови краставица пресечени на половина, па на крај додадете го изронетото сирење. Зачинете со босилек.
4. Капрезе со пршута
Состојки:
- 15 мали шери домати
- 2 моцарела топчиња
- 10 парчиња пршута
- 1/4 лимон
- Маслиново масло
Исечете ги доматите и моцарела топчињата. Исцедете го лимонот и додадете го маслото. Парчињата пршута наредете ги цели, врз салатата.
5. Салата со диња и пршута
Состојки:
- 12 парчиња пршута
- Зелена салата
- 300g лубеница сечена на коцки
- Маслиново масло
- Лимонов сок
Исечете ја зелената салата и во неа додадете ја лубеницата. Ставете масло и лимон, а врз салатата наредете ги парчињата пршута.