Жетвата на пченица покажува помал род
Откако ја завршија жетвата на пченицата, земјоделците тргнаа кон собирниот пункт. Таму се проверува квалитетот на житото.
Од блиската мелница за брашно, велат дека житото што го откупиле до сега е со добар квалитет. Од почетокот на жетвата во околината на мелницата, дневно се носат по околу 40 тони пченица.
„Жетвата оваа година беше со многу добар квалитет но приходите од житото се многу слаби. Во однос на 2016 година, приходите се за 60% пониски“, вели Гани Асани, раководител на мелницата „Рамадани“.
Некои од земјоделците кои ги контактиравме велат дека се задоволни од родот на пченицата годинава.
„Многу сме задоволни. Квалитетот на житото беше прва класа. Таков е и квалитетот на брашното“.
Но други очекувале многу повеќе на своите ниви.
“Не сум задоволен. Немаше дожд. Собрав само 20 вреќи, наместо да имам 50 или 60 вреќи. Тоа значи дека мојата загуба е скоро 40% насто“.
Доказ дека родот во некои области од земјава е полош во споредба со минатите години, е фактот што жетвата во околината траела само седум дена. Додека во минатото собирањето на родот траел и до 40 дена. Претставници на министерството за земјоделство уште пред почетокот на жетвата беа свесни дека оваа година родот ќе биде помал, а некаде и со полош квалитет. Токму од таа причина беа организирани средби со производителите и откупувачите, за наоѓање најдобро решение.