fbpx
Вести

Почнува исплатата на субвенциите за пчеларите

pceli

-Продолжуваме со исплата на субвенции за 2016 година. Денеска до Министерството за финансии, ќе бидат испратени налози за исплата на субвенции за пчеларите во износ од 130 милиони денари. Овие субвенции ги чекаат 3.500 пчелари, информира ресорниот министер Љупчо Николовски.

Тој денеска имал средба со претставници на Сојузот на пчеларски здруженија, и ги информирал за исплатата на субвенциите кои долго време ги чекаат и за заложбата на Владата, за развој на пчеларството. На средбата министерот ги слушнал проблемите со кои се соочуваат пчеларите и нивните предлози за решавање на истите.

-Почитувани земјоделци, истовремено Ве информирам дека во процес на подготовка се решенијата за исплата на преостанатите субвенции за 2016 година. Досега за месец и половина се исплатени 4,1 милијарди денари, за исплата остануваат уште околу две милијарди денари, со што комплетно ќе се расчисти 2016 година, потенцира Николовски.

-Владата на Република Македонија, воведува сериозна практика за грижа на земјоделците која ќе биде континуирана во делот на интервенциите и субвенциите секогаш кога тоа ќе биде потребно, додаде министерот.


 

бриф.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close