Вести
Владата ќе ја оценува штетата од невремето во ресенскиот и тетовскиот регион
Владата доцна синоќа ја разгледа и усвои информацијата за неповолните климатски настани и причинетите штети на земјоделските култури на 20 јули во ресенскиот и тетовскиот регион. Притоа, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е задолжено да формира комисии што ќе предложат решенија по поднесените барања за утврдување на настанатата штета од страна на носителите на земјоделски стопанства или организации на производители.