fbpx
Вести

Во Кумановско 101 апликација на првиот повик за ИПАРД 2

kumanovo

На годинашниот прв ИПАРД повик кој траеше до 21 јули, во општините Крива Паланка, Куманово, Свети Николе, Ранковце, Младо Нагоричане и Кратово се поднесени 101 апликација.

– Најголем број апликации се за мерката Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства. Во Кривопаланечко и регионот на општина Ранковце најмногу аплицирале за искористување средства за набавка на земјдоелска механизација, а поднесени се осум барања, информира координаторот за ИПАРД програмата во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството во кумановскиот регион Влатко Ристовски.

Финансиските средства од ИПАРД 2 Програмата се наменети за инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства, инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи и диверзификација на фармите и развој на бизниси.


 

вечер

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close