fbpx
Вести

Супермаркетите им ја преземаат работата на зелените пазари

pazarenje

Дури 20 отсто од прометот на пазарите е намален поради продажбата на овошје и зеленчук во маркетите.

Големите супермаркети кои нудат овошје и зеленчук дури и по пониски цени од зелените пазари секоја година го намалуваат прометот на пазарџиите.

Официјалните пресметките на организаторите на пазарите се дека продажбата на зелените пазари како резултат на тоа е за 10 до 20 отсто пониска.

Причина за намалениот промет на тезгите, според пазарџиите е што вработените понекогаш немаат доволно време да одат подалеку, маркетите работат подолго и се може да купи на едно место, а не само овошје и зеленчук.

– Секоја година имаме помал број на купувачи. За луѓето е побрзо купувањето во супермаркет. Наоѓаат се на едно место и не издвојуваат посебно време за одење на пазар. Ама и условите на пазарите стануваат се полоши малку се инвестира, а дивите пазарџии ни го земаат лебот и не плаќаат ништо. Сепак мислам дека на пазар може да се најде овошје и зеленчук за сечиј џеб и секаков квалитет. Можеби треба и ние да размислиме за посебна амбалажа сортирање и случно, но пазар си е пазар – вели пазарџија.

Граѓаните поделени околу тоа каде е поевтино и поквалитетно да се пазари. Постарите скопјани велат дека пазарите се местото каде што може да се купи овошје и зеленчук од познат пазарџија и за пониски цени, но помладите велат дека за посета на пазар треба да издвојат повеќе време.

-За мене пазарењето има посебно место. Се среќаваш до познаници, избираш каков сакаш производ бираш цена која ти одговара и квалитет според сопствен избор. Можеш да ги прошеташ сите тезги и да најдеш што ти треба. Но за тоа треба повеќе време, а тоа го немаат вработените. Цените се тука некаде, можеби некогаш за ист квалитет да најдеш поевтин производ и во супермаркет – вели пензионирана скопјанска.

Таа вели дека купува кај исти пазарџии и им верува на квалитетот што го нудат.

Граѓаните кои купуваат во маркет велат дека цената не е секогаш пресудна при пазарењето туку тоа е времето.

-Тука пазарам зашто во исто време се снабдувам со се. Најчесто пазарам по работа,а тогаш да трчам на пазар ми е многу тешко. Во маркет купувам и други производи и не гледам дали зеленчукот е поскап. Не ретко знае да биде поевтино во маркет од пазар и обратно.Мислам дека и квалитетот задоволува иако некогаш маркетите не можат да се пофалат со свежината– вели вработена скопјанка.

Неодамна и Земјодлескиот пазарен информативен систем објави анкета која покажува дека за 20 отсто од потрошувачите е исто од каде се снабдуваат со овошје и зеленчук, дали е пазар или маркет. Вкупно 40 отсто од анкетираните рекле дека нивниот избор за купување е зелениот пазар и исто толку рекле дека купуваат овошје и зеленчук во маркет.

Дваесет отсто од анкетираните сметаат дека поевтино е да се купува на пазар, исто толку од анкетираните рекле дека вокупуваат во маркет оти работното време не им дозволува да одат на зелен пазар.Дури 40 отсто од анкетираните се изјасниле дека сметаат оти во маркетите купуваат побезбедни производи, а само пет отсто повеќе им веруваат на зелените пазари кога е во прашање купување безбеден производ.


 

инфоплус

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close