fbpx
Вести

Голем интерес кај струмичките земјоделци за парите од ИПАРД 2 програмата

ipard

 

Ипард 2 програмата предизвика голем интерес кај земјоделците од југоистокот на државата . На последниот повик кој заврши неодамна бројот на апликациите кои пристигнале е зголемен за околу 30%  за разлика од пред две години. Од регионалниот центар на АПРЗ во Струмица информираат дека овој пат земјоделците најмногу биле заинтересирани за модернизација на земјоделските стопанства преку набавка на нова механизација.

-Доста се појави интерес и околу набавката на современа опрема за подготовка на почвите како и аплицирање по однос на набавка на системи за наводнување капка по капка , се појавија набавки на заштитни мрежи од град и сончева радијација како и ископи на бунари. Значи постепено нашите земјоделски производители приметуваат каде треба да се обратат и во кои сегменти им се потребни тие средства, вели Стојан  Глигоров – АПРЗ – регионален центар Струмица

Најголемиот дел од апликациите кои пристигале за овој повик се од индивидуалните земјоделски стопанства, но сепак застапени се и земјоделските задруги, како  и неколку правни лица кои аплицираат за поголеми инвестиции како што производство на хумус и хидроелектрана. За разлика од преходните повици кога кофинансирањето беше 50%,  со Ипард 2 програмата тоа  е зголемено на 60%.


 

сител

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close