Стабилна е состојбата со акумулациите во источниот регион
Стабилна е состојбата со акумулациите во источниот регион. Директорот на ЈП Водостопанство Брегалница Зоран Беличев вели дека нема опасност од акумулацијата Калиманци како најголема акумулација во источниот регион и од која се наводнуваат полињата во кочанско, виничко, штипско и светиниколскиот регион.
Беличев вели дека е нормален и дотокот на вода во акумулацијата, а додека за браната Гратче вели дека пред некој ден беше на прелив, бидејќи имаше врнежи од дожд и снег.
Состојбата со останатите акумулации во регионот е исто така нормална и засега нема опасност од испуштање на водата. Минатата година во февруари поради обилните врнежи од дожд дојде до испуштање на браните, за што и одредени подрачја беа поплавени. Засега земјоделците за штетите во нивите го добија обесштетување, но во штипскиот регион се уште не го добија обесштетувањето за штетите во куќите и амбарите.