fbpx
Вести

Услови за увоз на овошје и зеленчук во Хрватска

Хрватска го повлече контроверзниот правилник за инспекциска контрола.

Хрватскиот министер за земјоделство, Томислав Толушиќ донесе одлука за повлекување на Правилникот за фитосанитарна контрола на овошје и зеленчук, увезени од држави што не се членки на ЕУ.

Одлуката на Толушиќ доаѓа по критиките на земјите од Западен Балкан. Министрите за земјоделство на Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора на средба во понеделникот во Сараево, побараа Загреб под итно да го повлече правилникот.

Овие земји побараа Хрватска да ги прилагоди своите цени за инспекциска контрола со просечната цена во земјите членки на ЕУ и апелираа до Унијата да се вклучи во решавање на спорот. Тие најавија и дека ако Загреб не ја повлече одлуката за зголемување на цените на инспекциите, ќе преземат реципрочни мерки кон Хрватска.

Со правилникот се предвидуваше цените за инспeкцискиот надзор да бидат зголемени за повеќе од 22 пати.

Според новата одлука која ќе биде објавена утре, контролата на овошјето останува на сила, а секоја пратка која влегува во Хрватска мора да биде без штетници, овошјето мора да биде здраво и зрело.


https://faktor.mk/hrvatska-popushti-eve-pod-koi-uslovi-kje-moze-da-se-izvezuva-ovoshje-i-zelenchuk

фактор.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close