Дваесет тони јајца загадени со инсектицидот „фипронил“ од Белгија се продадени во Данска, соопшти националната служба за безбедност на храна.
– Данската фирма „Данаег продактс“ добила вкупно 20 тони јајца од белгиски извозник. Јајцата биле продадени претежно на кафеани, кафетерии и кетеринг фирми и најверојатно не биле продавани во големи количини на трговци на мало, соопшти службата.
Од почетокот на месецов јајца со хемикалијата финпронил се најдени во Белгија, Холандија, Германија, Велика Британија, Луксембург, Франција, Швајцарија, Шведска , каде од продавниците се повлечени милиони јајца.
Портпаролката на Европската комисија Ана Итконен увери дека отровните јајца “се блокирани, а ситуацијата е под контрола”.
Од Агенцијата за храна (FSA) изјавија дека е малку веројатно дека постои ризик за здравјето на луѓето. Сепак, производиге кои содржат јајца, вклучувајќи сендвичи и салати, беа повлечени од супермаркетите.
https://faktor.mk/apsenja-i-strogi-kontroli-niz-cela-evropa-poradi-otrovni-jajca
фактор.мк