fbpx
ВестиЛов и риболов

Одложен Меѓународниот спортски риболовен куп на Калиманци

Поради ниското ниво на вода во езерото Калиманци одложен е меѓународниот спортски риболовен куп којшто по традиција се одржува при крајот на август.

Претседателот на спортско-рекреативното друштво „Шаран“ од Македонска Каменица, Горан Стоименовски потенцира дека водата во езерото Калиманци е на многу ниско ниво и оти тоа е единствената причина што овој август нема да се одржи спортскиот меѓународен куп.

– Како организатори не се откажуваме од организацијата, туку бараме начини меѓународниот куп да се одржи во релативно добри услови, а тоа во моментов го нема на езерото. Доколку хидролошката состојба се подобри, купот ќе го организираме во октомври за што благовремено ќе ги известиме сите заинтересирани рибиловни друштва од Македонија и соседните земји, рече Стоименовски.

Тој додаде дека меѓународниот спортски куп, каде вообичаено учествуваат 20-тина риболовци од Балканот, се организира со поддршка на Општина Македонска Каменица, а целта е промоција на риболовниот туризам и на езерото Калиманци.

Стоименовски уште еднаш апелираше до надлежните да преземат мерки за зголемување на нивото на водата во езерото, за да се спаси рибниот фонд во него.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close