Заработуваат и до две просечни плати, цената скокна за 50%
Сушата и мразот доведоа до поскапување на шумските плодови за 50% во Босна и Херцеговина.
Најголем скок има кај боровницата која се продава за 5 конвертибилни марки по килограм, а лани беше 3 конвертибилни марки по килограм.
Исто е и со брусницата и копривата во БиХ.
За нив лани цената беше 3, а сега е 4 конвертибилни марки.
Во тек е и откупот на капини кои чинат 2.5 конвертибилни марки по килограм.
Откупувачите велат дека е важна и локацијата каде овошјето е произведено, затоа што малините кои се произведени во град и во село не се исти.
Шумските плодови и билките можат да бидат извор на дополнителна заработка, а во сезоната на берба може да се заработат по две просечни плати.
Луѓето кои се занимаваат со оваа дејност велат дека пари има, но треба да се чека, процесот оди бавно и има ризик.