fbpx
Вести

Субвенции: Поднесување барања за складирање на пченица

pcenica

Земјоделците кои ја складираат пченицата од годинешниот род можат да поднесуваат и барања за субвенции. Рокот за доставување на документите истекува на 15-ти септермври…

Рокот за поднесување на барањата за субвенции за сите мерки завршува на 15 септември. До истиот датум теба да ги поднесат документите за складирање и земјоделците кои имаат намера подоцна да ја продаваат на пченицата.

Субвенцијата за складирање може да ја користат евидентираните земјоделски стопанстав со пријавени површини со пченица кои ја имаат предадено  на складиштење од 1 август до 1 септември 2017 година. Услов е пченицата да биде наменета за продажба а не за сопствени потреби.

Финансиската поддршка се добива за покривање на 80 проценти од трошоците за складирање во силосите.

Барањата се поднесуваат во Платежната агенција со договор за складирање, потврда колкаво количество е превземено за чување и извештај за квалитетот на пченицата.

Корисниците на финансиската поддршка до платежната Агенција треба да поднесуваат барања секој втор месец, а исплатата ќе се врши на 60 дена.


 

мртв

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close