fbpx
Вести

Доволни ли се 8,5 милиони евра приходи да го „заситат“ Жито Лукс?

leb

Жито Лукс напредува со позитивните квартали заклучно со 30 јуни 2017, но тој раст не е со исто темпо како и во првото тромесечје од годинава бидејќи добивката е нешто помала гледано за вторите три месеци. Неоданочената вкупна добивка Жито Лукс за првото полугодие од 2017 достигна 72 илјади евра. Во вториот квартал од 2017 Жито Лукс остварил поголеми приходи во однос на првиот квартал или за околу 200 илјади евра повеќе.

Сепак, ако се гледа квартално, вторите три месеци носат помала добивка за Жито Лукс која само во првиот квартал од годинава изнесуваше околу 50 илјади евра што е двојно повеќе од вторите три месеци.

Продажбата на Жито Лукс му донесе вкупно 8,5 милиони евра приходи во првото полугодие од 2017 со мал раст како на домашниот пазар, така и на странскиот пазар.

Најголемиот бренд за бели пецива на македонскиот пазар во првите шест месеци од 2017 потрошил вкупно 4,4 милиони евра за суровини и други материјали, како и 1,3 милиони евра за своите вработени што е за околу 5% повеќе во однос на истиот период лани.

Жито Лукс има 12,3 милиони евра тековни обврски за шест месеци од 2017 година од кои 85% се кон добавувачите. Жито Лукс за првите шест месеци од годинава има и 2,9 милиони евра побарувања од купувачите. Вложувањата во хартии од вредност се три пати поголеми и изнесуваат над 30 илјади евра.

Во овој период главен новитет на Жито Лукс се ѓевреците па ефектите од нивното воведување за почеток се позитивни иако за оваа понуда клучен ќе биде следниот квартал кога ќе се знае дали ќе останат дел од постојаната понуда во маркетите и продавниците.

Жито Лукс минатата година ја заврши со загуба која треба да ја покрие со добивката од оваа година, но престојат уште два квартала од кои најпрво треба да се согледаат резултатите, но со оглед на досегашната мала добивка и малиот тренд на раст на приходите преотптимистично е да се очекува исплата на дивиденди.

 


 

фактор.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close