fbpx
Вести

Во Кочанско слаб интерес за мерката Млад земјоделец

kocani

Во предвидениот рок за аплицирање за неповратни финансиски средства за мерката Млад земјоделец за започување земјоделска дејност во општина Кочани се пријавиле само двајца апликанти.

Според информацијата добиена од Подрачната канцеларија на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој, интересот е мошне слаб, иако вработени од Агенцијата постојано биле на терен и на средба со млади земјоделци.

– Двајцата апликанти кои понесоа документи за користење на средства од мерката Млад земјоделец се од Кочани и од село Тркање, кои располагаат со сопствен земјишен фонд, истакнува Валентин Захариев, советник во АФПЗРР во Кочани.

Захариев исто така информираше и за интересот на земјоделците од кочанскиот регион за користење на мерката за подигање овошни и лозови насади.

-За оваа мерка се пријавија четворица апликанти, сите од Кочани, кои поднесоа документи за користење неповратни средства за подигање исклучиво на овошни насади и тоа насади од ореви и лешник, истакнува Захариев.

Од Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој постојано се на терен и им укажуваат на земјоделците за можностите за користење на неповратни средства и кредити за развој на земјоделството во целина.


 

а1он.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close