fbpx
Вести

Селектирањето на отпадот сѐ уште на ниско ниво

otpad

Македонија до 2020 година треба да достигне ниво за преработка на отпадот од 60 насто. Тоа значи да се рециклираат 65 илјади тони хартија, пластика, стакло, лименки-годишно. Во следните години се планира да се зголеми бројот на контејнери…

Во услови кога се понагласено се зборува за проблемот со отпадот и загадувањето, колективните постапувачи реагираат на сѐ уште малиот процент на отпад што се собира. Лани биле селектирани околу 25.000 тониотпад од амбалажа, кој наместо на депониите завршил на рециклирање, велат од Асоцијацијата на секундарни суровини и рециклатори. Бараат поголема соработка меѓу колективните постапувачи, јавните претпријатија и комунална хигиена како и подобрување на инфраструктурата.

Согласно националните цели, во 2020 година во Македонија треба да се рециклира 60% од отпадот од пакување, односно над 65.000 тони годишно хартија, пластика, стакло, лименки и дрво. Во следните 3 години треба да се постават уште 6.000- 7.000 контејнери. Треба да се работи и на подигање на јавната свест на граѓаните за селекција на отпадот, велат од Асоцијацијата.

Во земјите каде што има солиден систем за управување со отпад од пакување, се трошат околу 10 евра по жител годишно. Во регионот просекот е 2 евра, во земјава е само половина евро.

Во моментов, 1.300 компании се членови на некој од постојните колективни системи но само 1/3 од компаниите имаат законска обврска да се грижат за амбалажниот отпад.


 

мртв

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close