Привршува пријавувањето за субвенции
Земјоделците доколку сакаат да добијат финансиска поддршка од државата ќе треба да поднесуваат барање по електронски пат. Крајниот рок за аплицирањето е до 15-ти септември.
Привршува поднесувањето на барања за директната државна финансиска поддршка во земјоделството. Земјоделците на располагање имаат вкупно 160 милиони евра, велат од ресорното министерство.
Во моментов тече рокот за аплицирање за субвенции за растително производство и тоа: за полјоделски и градинарски култури, за одржување на овошни и лозови насади како и за производство на сертифициран семенски и саден материјал.
За сточарското производство се поднесуваат барања за одгледување на говеда, овци, кози, свињи, пчели и живина.
Корисници се земјоделските стопанства кои се запишани во регистарот и кои ги исполнуваат условите од програмата за субвенционирање.
Постапката за начинот на поднесување на барањата за директните плаќања е истакако и за претходната година.
Крајниот рок за аплицирање е до 15-ти септември.