fbpx
Вести

МЗШВ почнува со ревизија: Како се доделувало државното земјоделско земјиште под закуп?

Ветивме транспарентност и отчетност, продолжуваме со исполнување на ветувањата од Програмата на Владата. На самиот почеток кога ја преземав функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, најавив ревизија на доделувањето на државното земјоделско земјиште под закуп, изјави министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој соопшти дека од денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, започнува со ревизија на регуларноста на процесот на доделување под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Со оваа ревизија ќе биде опфатено доделувањето на земјоделското земјиште во изминатите години.

„Резултатите од ревизијата ќе покажат, на кој начин се доделувало државното земјоделско земјиште, дали се почитувале пропишаните услови и критериуми, законските одредби и дали целиот процес бил транспарентен. Крајно, оваа ревизија ќе покаже дали земјоделското земјиште во државна сопственост било доделувано во рацете на вистинските земјоделци.

Со оглед на обемната документација и опфатениот период на ревизијата, целиот просец ќе трае подолг период. Службите кои што ќе ја спроведуваат ревизијата, етапно ќе ги сумираат резулатите, за што јавноста ќе биде известувана. Првиот пресек на ревизијата се очекува да биде готов до крајот на годинава“, рече Николвски.

Според официјалните податоци, од  Агенцијата за катастар на недвижности, земјоделското земјиште во сопственост на Република Македонија изнесува 170 илјади хектари. Од нив, моментално под закуп се околу 101 илјади хектари.

„Еден од нашите приоритети е целосното искористување на развојниот потенцијал на земјоделскиот сектор, преку зголемување и окрупнување на земјоделските површини и приноси, што ќе значи и поголеми приходи за семејствата кои се занимаваат и кои егзистираат од  земјоделството.

Затоа е важно земјоделското земјиште да биде во рацете на оние земјоделци на кои земјоделството им е примарна дејност“, посочи министерот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close