fbpx
Вести

ФФРМ бара средба со Николовски за проблемите во јаболкопроизводството

Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ) бара средба со министерот Љупчо Николовски на која би се разговарало за долгорочни и краткорочни мерки за проблемите и предизвиците во јаболкопроизводството.

Јаболкопроизводителите се соочуваат со проблеми по пролетниот мраз на 22 април кој уништи голема површина од овогодинешниот род јаболка.

 

ФФРМ бара минимална загарантирана откупна цена односно пет ден по килограм за индустриско јаболко на долгорочен период, а за да може да се продискутираат овие актуелни состојби и проблеми, Федерацијата иницира средба помеѓу здруженија на земјоделци каде што членуваат јаболкопроизводители и откупувачите на јаболко која би се одржала овој месец.

Исто така ФФРМ бара утврдување на рокот за исплата на штетите од пролетниот мраз за 2016 и 2017 година за овоштарите и лозарите и целосна исплата на субвенциите за 2016 година за овоштарите во најбрз можен рок и тоа по сите основи.

Според статистичките податоци во Република Македонија од 2013 година, 5.477 хектари обработлива површина се користи за производство на јаболка во Пелагонискиот регион, од кои 5.384 хектари се индивидуален сектор, 93 хектари се деловни субјекти.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close