fbpx
Вести

Летната суша продолжува и на есен

Летната суша продолжува и есенва. Иако имаше врнежливи денови, дождот што падна не успеа да ја надополни потребната влага на нивите. Најавата за врнежи и за средината на оваа недела нема да ја ублажи состојбата за почеток на успешен старт на есенската сеидба.

Повремените врнежи со малку дожд во изминатиот период иако добредојдени сепак не го решија најголемиот проблем со кој се соочуваат земјоделските производители, сушата .

Отстапувањата од повеќегодишниот просек се најмали во Крива Паланка каде што количествата наврнат дожд се помали за 6 литри на квадратен метар, додека на другите мерни места недостигот се движи од 15 до 30 литри на месечно ниво.

Во наредниот период спопред Управата за хидрометеоролошки работи, продолжуваат сличните временски услови без врнежи, но и со пониски дневни температури кои ќе достигнат до 24 степени  и ќе спречат поголемо испарување од почвата. Промена на времето се очекува во средината на оваа недела со нов влажен бран, но со помалку дожд.

Ваквото време не е во корист на есенската сеидба особено кај раните есенски култури така што земјоделските производители и во наредниот период и натаму ќе се мачат со летната суша која продолжува и оваа есен.

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close