fbpx
ВестиСовети

6 Собни билки за прочистување на воздухот во домот

cvekje

Дали знаете дека воздухот во домот е неколку пати повеќе загаден од оној надвор?

Сите видови на апарати за домаќинство, мебелот, тапетите, детергентите го загадуваат воздухот со токсични супстанци. Резултат од тоа е зголемено ниво на прашини и микроби, кои доведуваат до загрозување на човековото здравје, развој на алергии и респираторни заболувања.

Затоа е добро во домот да имате неколку собни билки, кои ќе го прочистат воздухот :

1. Шефлера или познато како „чадор дрво”- буквално создадено за простории во кои се пушат цигари, бидејќи оваа билка го апсорбира и неутрализира никотинот и катранот. На шефлерот му се потребни светлина и малку вода.

1

2. Драцена – оваа тропска билка одлично ги филтрира токсините кои се наоѓаат во нашите домови. Билката не треба да ја изложувате директно на сонце или на промаја, бидејќи во спротивно ќе остане без своите лисја.

2

3. Хлорофитум – атрактивен украс за секој прозорец и пропушта доволно светлина во домот. Оваа билка ги апсорбира издувните гасови и е неопходна за сите кои живеат на прв и втор кат.

3

4. Бамбус палма – уште позната како „палмата на среќата”, важи за една од најздравите билки кои го прочистуваат воздухот во просторијата. Таа активно го влажни воздухот и ги филтрира штетните супстанции кои ги емитува пластиката.

4

5. Фикус – го елиминира јаглерод моноксид од воздухот и другите штетни соединенија. Фикусот има потреба од редовно чистење на лисјата, редовно наводнување и светлина.

5

6. Бршлен  шампионот во прочистување на воздухот е токму бршленот. Тој има природна способност за филтрирање на загадувањето на воздухот од многу штетни токсини, вклучувајќи го и бензенот.

6

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close