Вино
Рецепт за зимска сангрија
Наместо портокали и лимони, за да направите зимска Сангрија користете ги плодовите на студеното време – крушки, јаболка, калинки…
Состојки:
- 2 шишиња црвено вино со овошна арома
- 2 мали јаболка, исечкани на коцки
- 2 круши, исто така исечкани на коцки
- 1 исчистена калинка
- 1-сантиметар свеж корен од ѓумбир, ситно изрендан
- 1 лажичка цимет
- ½ шолја бренди или вотка (по желба)
Подготовка:
Ако користите вотка или бренди, јаболката потопете ги неколку часа во алкохолот.
Ставете ги парчињата јаболка, круши, калинките и изренданиот ѓумбир во еден длабок сад или голем бокал, па преку нив додадете го циметот.
Додадете го виното во садот, лесно промешајте и оставете ја Сангријата да отстои 2-3 часа пред послужување.
Во чашите задолжително ставете стапчиња цимет и неколку парчиња од овошјето. Додадете лимон по желба.