Парите од ИПАРД програмата најмногу се користеле за нова земјоделска механизација. Најчесто се купувале трактори. За оваа година од ИПАРД-2 програмата имаат на располагање 60 милиони евра. Механизацијата во фокус на потребите на земјоделците. Надлежните информираат дека најголем дел од барањата за средства од ИПАРД-1 програма се за набавка на трактори по што следуваат апликациите за модернизација односно за подигање и реконструкција на овоштарници, како и за системите капка по капка , фарми и откупни центри. Земјоделците поднеле вкупно 1400 бараања за да ги реализираат своите проекти.
Бројките покажуваат дека интересот е се поголем и веќе се надминати проблемите што ги имаа при аплицирање. Годинава стартува аплицирањето за ИПАРД 2 програмата, со која на располагање има 60 милиони евра. Новина е тоа што за европските пари отсега ќе можат да аплицираат и општините за подобрување на руралната инфраструктура.
Услов за користење на средствата од ИПАРД 2 е да се заврши со склучувањето на договорите од ИПАРД 1 програмата. Од платежната агенција велат дека најдоцна до јули ќе заврши склучувањето по што ќе биде објавен огласот за втората програма.
Државата за да им помогне на земјоделците годинава ќе ги субвенционира и каматите за кредитите за ИПАРД проектите. Формиран е и Гарантен фонд кој ќе покрива половина од хипотеката за кредитите што ќе ги земат, во износ до 500 000 евра.