fbpx
Вести

Кривогаштани ќе добие преработувачки капацитет за замрзнат зеленчук

Во индустриската зона „Славеј“, во општина Кривогаштани, треба да се реализира инвестиција вредна 1,5 милион евра за изградба на преработувачки капацитет за замрзнат зеленчук.  ДООЕЛ „Стефан“, компанија од Кривогаштани, веќе потпиша договор со Општината. Изградбата на овој капацитет ќе стартува со почетокот на градежната сезона, а треба да заврши в лето, кога се очекува капацитетот да почне со работа. Се најавуваат од 30 до 50 нови вработувања. Пласманот според инвеститорите е договорен, па целото производство ќе се извезува на западноевропските пазари.

krivogashtani kje dobie prerabotuvachki kapacitet za zamrznat zelenchuk

 

„Прво ќе го изградиме преработувачкиот објект во кој ќе има приемно одделение каде што ќе се сортира и ќе се разгледува стоката. Натаму ќе се врши преработка и замрзнување на зеленчукот, а на крајот, пакување на целото производство што ќе биде наменето за извоз“, вели инвеститорот Рубинчо Благадуша.

За оваа намена се веќе откупени 20.000 квадратни метри земјиште во индустриската зона „Славеј“, од кои објектот ќе се гради на 16.000 квадратни метри.

Од Општина Кривогаштани истакнуваат дека со реализација на оваа инвестиција значително ќе им се олесни работата на земјоделците. Се очекува најголем бенефит да имаат жителите на општината не толку со планираните нови вработувања, колку поради фактот што се очекува стабилизација на пазарот на пиперки. Бидејќи производителите на пиперки речиси секоја година се соочуваат со проблемот на недостиг на пласман на овој производ, што е и бренд на Општината.

20150706_113522

„Според најавата на инвеститорите, ќе се гради комплекс за преработка на замрзнат зеленчук, со акцент на пиперките. Се надевам дека според нив и со помош на Општина Кривогаштани, веќе ова лето ќе започне да функционира уште еден стопански капацитет со кој во голем дел ќе бидат задоволени потребите на земјоделците“, смета градоначалникот Тони Заткоски.

Тој додава и дека двајца други инвеститори од Дубаи и Турција веќе уплатиле средства за учество на јавниот повик што го објави Министерството за земјоделство за издавање под концесија на 550 хектари земјиште, исто така во атарот на селото Славеј. Едниот инвеститор бил со намера да инвестира во производство на пченка и масло од пченка, а другиот да отвори сточарска фарма и кланица.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close