fbpx
Вести

Пчеларите бараат закон владата нуди мерки

Пчеларите од охридско-преспанскиот регион уште пред безмалку два месеци покренаа иницијатива за прогласување на елементарна непогода на национално ниво. Укажаа дека неповолните климатски услови се причина за лошата пчеларска сезона, која стравуваат дека не само ќе продолжи, туку и ќе предизвика уште покатастрофални последици по пчеларството. Пчеларите упатија и апел до надлежните институции, предлагајќи соодветни мерки кои итно треба да се превземат, бидејќи од пчеларство живеат илјадници семејства.
Имаме пчелари што единствен извор на егзистенција им е пчеларството – изјава Тони Јосифоски-пчеларско друштво Охрид.
Во некои микроклиматски региони во Република Макеоднија, штетите во пчеларството се страшни, во некој делови се благи, ни сепак во оние делови каде што се поизразени веќе доведуваат до можност за угинување на голем број пчелни семејства – Изјава Љупчо Станкоски-,,Агрофаланга ,,Ресен.
Плечарите добија поддршка и од овоштарите,настрадаа велат многу пчелни семејства од кои бенефит имаме сите ние.
 Ако барем малку има свест кај луѓето во соодветните институции апсолутно треба да се прогласи не само елементарна непогода за ова година, туку како да се намалат проблемите кај пчеларите за наредните години.Тие предложија да се донесе посебен закон за пчеларите што е исто така пожелно – Изјава Ванчо Стојаноски-овоштар.
Времето минува, а слух за барањата на пчеларите, нема. Министерот за земјоделие кажа дека на 2.300 пчелари им биле испатени субвенции , но за конкретни и долгорчни мерки,  допрва ќе се размислувало.
Во моментот се креираат сите програми и верувам дека ќе има мерки преку кои ќе бидат препознаени пчеларите и во пограмата за дирекна поддршка преку нашата поддршка на национално ниво но и со мерки кои што ќе бидат вградени во програмата за рурален развој – Изјава Љупчо Николовски-министер за земјоделство.
Како што одминува времето пчеларите немаат надеж дека нешто ќе се промени на подобро. Најголеми загуби претпреа пчеларите од Охрид,Струга и Ресен.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close