Почна Интернационалниот гастрономски натпревар Гастро Мак 2017
Првиот натпреварувачи ден на Интернационалниот гастрономски натпревар Гастро Мак започна вчера во Струмица и траеше до еден часот по полноќ.
На овој настан, кој вторпат се одржува во Македонија учествуваат 300 натпреварувачи чие готвење го оценуваат врвни судии од светот на гастрономијата.
Пријавенот број на натпреварувачи ги надмина очекувањата, велат организаторите, Асоцијацијата на готвачи на Македонија, ГастроМак, со логистичка поддршка на WACS, Светската Светската организација на шефови на кујни.
– Ова е навистина извонредно. Многу судии и натпреварувачи од многу земји од светот, врвна организација и одлично подготвени јадења. Воодушевен сум од Македонија и Струмица, гостопримство какво што може само да се замисли, но и прекрасна храна. Од сè срце можам да кажам дека Македонија ја заслужи оваа манифестација, изјави Џорџио Дијана, мастер шеф и амабасадор на WACS.
Натпреварувањата продолжуваат денес и утре, а главните награди и големото Град При за најдобрите ќе бидат доделени на свечената вечера на 27 октомври.
Манифестацијата е од отворен карактер и заинтересираните можат да ја посетат во било кој дел од денот. Натпреварот завршува на 28 октомври.