Чување на компирот во зима
КОМПИР – како култура обично се чува во период од 6 до 10 месеци и тоа во современи објекти коишто се специјално градени и опремени.
Меѓутоа се среќава и чување во подрумски простории, шупи и простории кои не се адекватни за одржување и притоа загубите се многу големи, дури и до 20%, а временскиот период на чување е пократок, 3-5 месеци.
Во текот на чувањето мора да постои вентилација која ќе ја редуцира концентрацијата на јаглерод диоксид и површината на компирот треба да остане сува.
Оптималната температура за чување на компирот за меркантилна употреба е околу 10°C, а за семенска употреба е 2-4°C и влажност околу 90%.
Овие услови се постигнуваат во разладни комори во кои температурата варира во зависност од тоа кој производ се чува: ако е луковичест зеленчук, потребна е температура од 0°C, за лиснат зеленчук, зелка, коренест зеленчук 8-10°C, за пиперка, домат, модар патлиџан 10-15°C, исто како и за краставица, лубеница.
Зеленчукот главно е сместен на палети, а помеѓу нив се остава простор за слободна циркулација на ладниот воздух.