fbpx
Вести

Николовски: Функционална размена на податоци за ефективни земјоделски политики

Обезбедување ИТ податоци и нивна електронска размена меѓу релеванитните институции за креирање и спроведување ефективна земјоделска политика и политика за рурален развој, овозможи проектот „Надградба на земјоделскиот информативен систем и воспоставување системи за размена на податоци помеѓу МЗШВ и останатите релевантни институции“ што изминатите 20 месеци се спроведуваше во Министерството, за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Проектот беше финансиски поддржан од Националната програма ИПА 2011 на Европската унија со 700.000 евра.

Како што рече министерот за земјоделство Љупчо Николовски на денешната конференција по повод завршувањето на проектот, соодветното креирање на земјоделските политики придонесува кон намалување на иселувањето и задржување на населението во руралните области, а со тоа зголемување на земјоделското производство и намалување на увозот.

– Креирањето соодветни политики најмногу зависи од развојот на човечките ресурси преку континуирано надградување на знаењата, следење на светските трендови во земјоделството и организираноста на институциите при донесувањето одлуки, истакна Николовски во обраќањето.

Според него, проектот придонесе за јакнење на капацитетите на Министерството за земјоделство во насока на почнување на процесите на планирање и анализа на политиките.

– Целта е функционална размена на податоци меѓу Министерството и релевантните институции како Државниот завод за статистика, Платежната агенција и останатите што располагаат со податоци потребни за анализа и креирање на идните земјоделски политики, подвлече Николовски.

Тој информира дека во рамки на проектот се изработени прирачници за креирање биланси за понудата и побарувачката за најважните производи: жита, ориз, зеленчук, овошје, вино и месо, потребни во процесот на донесување одлуки поврзани со развојот на политиките во земјоделството и руралниот развој, а изготвен е и нов софтвер за Земјоделскиот пазарен информативен систем кој преку новата веб страница овозможува поедноставно управување и внесување податоци, но и поедноставен преглед на цените на земјоделските производи.

– Се изработи и прирачник поврзан со управување со циклусот на политиките за земјоделство и рурален развој, вклучувајќи процеси за анализа, мониторинг и планирање. Од самиот проект произлегоа и индикатори за следење и евалуација на земјоделската политика  согласно принципите на заедничката земјоделска политика на Европската унија, односно индикатори за влијанието на политиката, показателите за резултатите од политиката и аутпут индикатори, напомена министерот.

Координаторот на проектот Вирве Вимпари, истакна дека ЕУ ќе продолжи да ги поддржува македонските институции за јакнење на нивните капацитети во насока на креирање регулативи согласно заедничката европска земјоделска политика.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close