Не ја фрлајте кората од мандарина
Ако ве мачи болка во грлото или кашлица, а дома имате непрскани мандарини, од нивната кора можете да направите одличен лек.
Еве што треба да направите ако сакате да ја искористите кората од мандарините како лек:
-Сомелете 50 грама кора од мандарина и ставете ја смесата во тегла
-Мелената кора прелијте ја со чаша вотка или 40 процентен алкохол
-Тегличката добро затворете ја и оставете ја да отстои една недела на темно место
-Земајте по една лажичка по јадење, откако ќе изедете една лажичка мед
А ова се останатите причини поради кои мандарините се супер овошје:
Со мандарините постигнувате витамински оптимум, бидејќи во 100 грама мандарини има 30 милиграми витамин Ц. Ова овошје има мала енергетска вредност, а исто така е богато со влакна кои го подобруваат варењето на храната.
Мандарините се добри за видот, а исто така се покажале и како добар антиоксиданс.
Доколку сте добри во кујна, можете да направите и сос од мандарини, кој ќе го послужите во комбинација со дивеч или како дресинг за салата.
Валентина Соколовска
за Зелена берза