Исплатени субвенции за обнова на приватни шуми
Сопствениците на приватните шуми ги добија субвенциите за проширена продукција на шумите за 2016-та година. Исплатени се 21.000 евра за пошумување на сопственото земјиште со вкупна површина од 21 хекатр.
Со Програмата за минатата година беа обезбедени 25.000 евра за пошумување на 25 хектари земјиште во приватна сопственост, за што конкурираа 17 лица.
И во програмата за годинава исто така со државни пари ќе се обновуваат приватните шуми на вкупна поцршина од 20 хектари за што се обезбедени средства од 1.000 евра по хектар.
Поради поголемиот интересот на физичките лица за пошумување на земјиште што е во нивна сопственост, се планира средства за финансирање за оваа мерка да се зголемат за четири пати.
Во договор со сопствениците на приватните шуми, ќе се финансираат и други мерки што се во нивен интерес.