fbpx
Вести

Мразот не ги изненади земјоделците, најголем проблем е долготрајната суша

Дојде и првиот мраз, но не ги изненади земјоделците кои веќе ги имаат завршено работите на отворено. Нивниот проблем е долготрајната суша која прави штети на житата и на повеќегодишните насади.

На крајот на октомври се појави првиот мраз. На земјоделството немаше поголемо влијание поради тоа што годинава сѐ дојде подоцна од вообичаеното.

Поголемиот дел од земјоделските производи се веќе собрани од нивите, со исклучок на некои градинарски култури како пиперките или доматите каде се берат последните плодови.

Тутунот е веќе нанижан, додека зелката, карфиолот, брокулата и кељот се издржливи на пониски температури.

Во текот на оваа недела според, агрометеорологот Ангелко Ангелески, се очекуваат стабилни временски услови со позитивни утрински и дневни температури до 15 степени и со локални врнежи од дожд со количества кои воопшто не би го решиле проблемот со сушата.

Врз есенските посеви, кои се порано посеани и поникнати, ваквото време нема влијание и тие се во добра состојба.

Сепак поникнувањето е многу слабо и недоволно развиено поради сушните услови.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close