fbpx
ВестиВиноВкусот на традицијатаСовети

Слатка шира за зима

Ако овој природен и здрав витаминско-минерален пијалок се подготви на вистинскиот начин, може и без конзерванси подолг период да го сочува пријатниот сладок вкус. Постапката е поинаква од онаа кога од ширата се прави вино. Најважно е грозјето по бербата добро да се измие и дезинфицира. Тоа се прави со цел да се уништи целата спонтана микрофлора на кожичката на зрната, па и квасестите габички, со чија активност ширата се претвора во вино.


„Грозјето се дезинфицира со потопување во поголемо буре (каца) со вода, каде што на 100 литри вода се додава 20 грама винобран. По дезинфекцијата, грозјето добро се мие во чиста вода и се рони. Најквалитетниот гроздов сок се добива од самотокот, додека преостанатата шира се користи за вино. Самотокот потоа се става на таложење, за да се отстрани грубата нечистотија. По 24-часовното таложење, избистрената шира се преточува и во неа, заради целосно бистрење, на 100 литри се додава 150 грама растворен бентонит.

Потоа следува дводневно таложење и префрлање. Се добива потполно бистар гроздов сок, кој може веднаш да се користи. Меѓутоа, за да се задржат органско-хранливите карактеристики без конзерванси, дури и до новата берба, треба да се примени постапка слична на подготвување на доматен сок за зима. Ширата не се вари, туку само во емајлиран сад се загрева 10 минути на температура од 70 Целзиусови степени. Вака пастеризираната шира се собира во дезинфицирани шишиња, кои се затвораат со плутени тапи и во хоризонтална положба се ставаат на подрумските полици.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close