fbpx
ВестиВино

Лозарите да не брзаат со кроење на лозјата

Минус 9 Целзиусови степени беа измерени вчераутро во Кавадарци. Стручните лица велат дека засега нема некоја посериозна опасност од мрзнење на виновата лоза, но, сепак, апелираат лозарите да не брзаат со кроење бидејќи лозјата каде што е завршена резидбата може да бидат на удар на ниските температури.

lozarite da ne brzaat so kroenje na lozjata

 

„Посебно на удар се осетливите сорти на грозје, како што е вранецот. Многу е важно колкава е експозицијата на ниска температура, бидејќи генерално, виновата лоза издржува ниски температури. Доколку температури од минус 15 Целзиусови степени се задржат неколку часа, тогаш и опасноста од мрзнење е поголема“, вели проф. д-р Ристо Вучков и нагласува дека засега нема штети врз виновата лоза, но оти онаму каде што е завршено кроењето веќе била утврдена судбината за годинашниот род.

И покрај апелите на стручњаците, сепак, лозарите кои имаат поголеми површини со винова лоза ја почнаа резидбата, а голем дел и ја завршија, па поради тоа се соочуваат со ризик да има оштетување на ластарите доколку продолжат ниските температури.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close