fbpx
Вести

Неконтролираната употреба на антибиотици кај добитокот штетна за луѓето

Антибиотиците и во ветеринарството треба да се употребуваат само кога е неопходно и со препорака од стручни лица. Неконтролираната употреба може да биде штетна и за луѓето кои се хранат со млеко, месо и со нивни преработки.

Исто како и кај луѓето и третирањето со антибиотици на добитокот, кога во стадото постои инфекција треба да биде контролирано.

Светската здравствена организација препорачува сточарите да ја зголемат хигиената и да користат вакцинацини со што ќе се намали потребата од користењето на антибиотици на фармата.

Употребата на антибиотиците и кај нас е регулирана со закон. Целта е да се заштити здравјето на потрошувачите и намали резистентноста од преголема употреба на антибиотиците кај животните и луѓето преку храната.

Дефинирани се и условите за употреба на антибиотиците со највисоките критериуми за ризик на бактериска отпорност.

Според експертите за откривање на еден антибиотик се потребни децении, а за создавање резистентност, односно отпорност кон него се доволни само две до четири недели.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close