Вакцинирање за јазлеста кожа и в година
Продолжува вакцинацијата на добитокот за болеста јазлеста кожа поради тоа што вирусот се уште е присутен во регионов. Вакцинацијата се покажа како успешен начин за ставање под контрола на оваа заболување во фармите.
Агенцијата за храна и ветеринарство и во 2018 година со помош на Европската унија, ќе врши вакциниција за справување со добиточната болес „јазлеста кожа“.
Оваа болест иако досега беше карактеристична за африканското подрачје стана и наш регионален проблем, поради што експертите сметаат дека е потребна координирана масовна вакцинација на говедата што е најефикасна контрола на болеста.
Во оние држави каде вакцинацијата е успешно спроведена, ширење на болеста е спречено. Но и покрај високата покриеност со вакцинација во Југоисточна Европа, вирусот на „јазлеста кожа“, сеуште е присутен во регионот и може да предизвика спорадични епидеми и ширење на болеста во области каде има недоволна покриеност со вакцинација.
Бројот на заболени и сомнителни животни во 2016 година кога за прв пат се појави оваа болест во нашава земја беше скоро 0,3 проценти од вкупната популација на говедата.