fbpx
ВестиВино

Црвено вино за релаксација

Различните типови на алкохол различно влијаат на вашето расположение. Интернационалното истражување проба да утврди кои алкохоли имаат позитивно, а кои негативно влијание на вашата емоционална состојба.

Алкохолот некому му предизвикува радост, а некому тага. Истражувачите велат дека емоциите кои луѓето ги чувствуваат се поврзани со пијалокот кој го пијат.

Според интернационалното истражување, жестоките пијалоци предизвикуваат чувство на самодоверба и страст, но од друга страна, тие често знаат да предизвикаат и гнев, како и солзи. Црвеното вино, пак, е поврзано со релаксирање, но исто така предизвикува умор.

Додека истражувачите не сметаат дека причините поради различното доживување на алкохолните пијалоци се комплицирани, сепак сметаат дека со ова истражување ќе им помогнат на луѓето при избор на алкохол.

Истражувањето беше спроведено на испитаници на возраст од 18 до 34 години, од 21 земја во светот, кои се редовни уживатели на алкохол. Во истражувањето беа вклучени околу 30.000 испитаници.

Скоро 53% од испитаниците кажаа дека црвеното вино направило да се чувствуваат опуштено. Жестоките пијалоци им помогнале на 59% од испитаниците да се чувствуваат посамоуверено, но од друга страна, кај 30% од нив предизвикале агресија и гнев.

Исто така, истражувањето открива дека пиењето алкохол дома предизвикува чувство на опуштање и умор, а чувствата на самодоверба и агресија се почести кога пиете надвор од дома.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close