fbpx
ВестиРурален туризам

Кучково – чист воздух и лековита вода

На петнаесетина километри од Скопје се наоѓа селото Кучково. На надморска височина од 700 метри тука ќе најдете убава природа, чист воздух и чешмички со природна изворска вода.

Кучковци тврдат дека од нивната чешма тече лековита вода. Доаѓаат дури од Ѓорче да наполнат пластични шишиња со оваа навистина убава и питка вода. Колку е лековита тоа не е проверено но дека исправна за пиење тоа е точно. Пред сумдесет години оваа чешма била единствената во селото. Ја изградил некој си Велко и ја оставил во аманет на генерациите. Денес селото има водоводна мрежа а општината планира нов проект за водоснабдување.

Некогаш Кучково имало над 250 куќи со по десетина во секое семејство. Од прво до пето одделение имало по два класа со по триесетина деца. Па сега пресметајте колку жители имало ова селото. Така било се до 1963 година кога кучковци почнале да го напуштаа родното огниште. Денес Кучково има едвај педесетина жители иако ги има сите услови за урбано живеење.

Асфалтиран пат, струја, водовод … Во последниве неколку години животот полека се враќа. Изградени се десетици нови викенд куќи и во викендите селото ечи од детска смеа. Овде се снимаше и  популарната тв серија „Волшебното самарче“.

Лек за очи се бара во Кучково

Дека речиси секое македонско село крие по некоја приказна за места со чудотворна моќ, зборуваат и жителите од Kучково. На само 15 километри од Скопје, северно кон границата со Kосово, за многумина најубавото село во скопската околина, се крие една многу стара тајна, а која се врзува за изворот што постои во атарот на селото. За него прво знаеле малкумина, претежно жители на селото, но во последните години изворот наречен “Миочи“ го посетуваат дури и луѓе од околните држави.

Легенда тука е и дека во околината на изворот имало дупка, наречена Kоњска нога, и која, наводно, останала откако Kрале Марко со својот коњ Шарец поминал крај селото.

– Дупката од копитото на Шарец требало да биде патоказ за света вода – вели чичко Томе.

Водата истекува од подножјето на поголема карпа преку една цевка и се слева во помало корито. Над изворот е направен мал покрив, а околу има клупа и маса. Тука обичај било луѓето, откако ќе земат вода, да оставаат облека, најчесто машки и женски маици, кои тука остануваат долго време. Речиси никогаш не се случило оставената облека некој да ја украде.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close