fbpx
Вести

Откупени 100 тони тутун во село Иванковци

Заврши откупот на тутун во откупниот центар во село Иванковци. Околу двеста производители предадоа сто тони квалитетен тутун по просечна цена од 170 до 180 денари. Тутунопроизводителите се повеќе од задоволни од цената но и од квалитетот на родот годинава.

За разлика од минатата година, бројот на производителите и предадените количества тутун се помали во однос на претходната година за околу 20 %. Ова според производителите се должи на ниската  цена по која беше откупен минатогодишниот тутун.

otkupeni 100 toni tutun vo selo ivankovci

 

„Годинава сме задоволни затоа што контролата и оценувањето на откупниот пункт беше на високо ниво и затоа добро ни го оценија тутунот кој годинава имаше и добар квалитет. Верувам дека идната година, доколку откупната цена на тутунот биде како годинава, бројот на производителите и површините во Иванковци ќе се зголемат“, рече тутунопроизводител од Иванковци.

Тутунот од производителите од село Иванковци го откупија компаниите „Алијанса“ од Кавадарци и „Сокомак“ од Велес.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close