Десет причини за одгледување на рукола
Руколата се произведува во текот на целата сезона, поднесува суша и мразеви, а покрај бројните хранливи и лековити својства, постојат уште неколку причини за нејзино одгледување и ширење кај нас.
Руколата е вкусен лиснат зеленчук со пикантен, горчлив и јак ароматичен вкус. богат со многу витамини и минерали. Оваа култура има високи хранливи. диететски и лековити својства. Таа е богат извор на калциум, магнезиум, железо, калиум, фосфор, витамин А, витамин К, витамин С, фолна и пантотенска киселина. Руколата содржи големи количества бетакаротен и тоа 1.424 мг (микрограми) на 100 грама, лутеин и зеаксантин – 3.555 мк на 100 г. Покрај тоа што содржи бројни хранливи состојки, руколата содржи и различни биолошки активни состојки: фито- хемикалии, чии антиоксидативни својства имаат позитивен ефект врз здравјето на човекот и го намалуваат ризикот од многу заболувања.
Во исхраната се користи како салата или компонента во мешани салати за подобрување на аромата и вкусот. Особено е позната како салата во медитеранската кујна подготвена со маслиново масло и сирење моцарела, горчината на листовите се зголемува со нивната старост, па затоа е најдобро да се консумираат млади листови. Кога се подготвува во готвена и бланширана состојба, ја губи горчината. Во некои земји се одгледува и поради семето, за добивање масло и сенф.
Записите за ова растение, кое води потекло од Средоземјето, укажуваат на нејзината кулинарска и медицинска употреба уште кај старите Римјани и Грци. Во древниот Рим и Египет се сметало дека семето и листовите на ова растение имале дејство на афродизијак. Тогаш руколата била неизбежна состојка на сирупите против кашлица и против скорбут, а денес е исто толку популарна во домашните кујни, современите ресторани и аптеки ширум светот.
До скоро беше непозната култура кај нас, но во последно време се зголемува нејзината популарност, па често се среќава во менито на модерните ресторани, во супермаркетите и градските пазари на поголемите градови. Нејзиното одгледување и ширење е предизвик, особено во малите градови и рурални средини, каде што се уште е непозната.
Покрај споменатите хранливи, диететски и лековити својства на оваа ценета култура. Постојат уште неколку причини за нејзино одгледување и ширење кај нас:
- Може да се одгледува: во мали бавчи, на тераса, во пластеник, во саксии;
- Може да се произведува во текот н а целата сезона, почнувајќи од март до октомври. Пожелно е да се врши сукцесивна сеидба на секои 14-20 дена, за да се овозможи постојана обезбеденост на пазарот;
- Има кратка вегетација од40 дена;
- Има скромни барања во однос на условите за одгледување;
- Нема големи барања за топлина;
- Отпорна е на ниски температури и мразеви;
- Добро поднесува суша;
- Успева на секаков вид почва, но најдобро е кога се одгледува на богата почва со неутрална или алкална рН реакција, на делумно засенчено место. Најдобро успева на лесни песокливи и средно тешки
ПОЧВИ
Таа е култура која нема сериозни проблеми со болести и штетници, па затоа не се потребни посебни мерки во поглед на заштитата во текот на вегетацијата.
Погодна е за органско производство. Се одгледува исклучиво со директна сеидба. Длабочината на сеидбата е околу 1 см., а никнува за неколку дена. Растојанието меѓу редовите изнесува 25 см. а во редот 3-5 см. при што е потребно количество на семе од 1.5 до 2 кг/ха. Се бере кога добро ќе се формира лисната розета. Обично дава до 2 кг принос по м2, односно приносот по хектар е 20 до 25 т. Исто така, руколата може да се чува во перфорирани кеси во фрижидер и во добро покриен сад 2-3 дена, на температура од 4 до 8°С. но најдобро е да се приготвува веднаш. бидејќи со стоење, дури и на ладно место, губи големи количества витамин Ц. Во поголеми количества, руколата се чува во специјални објекти со ладилници на температура од околу 0°С.
Валентина Соколовска
за Зелена берза