fbpx
ВестиВино

„Вашингтон пост“ го смести „Вранец“ на „Стоби“ меѓу најдобрите вина од Балканот и Мала Азија

Вината на македонската винарија „Стоби“ продолжуваат да добиваат одлични оценки од светските вински критичари, а една од најважните пофалби доаѓа од реномираниот медиум „Вашингтон пост“.

Стручњакот Дејв Мекинтаер кој пишува за овој престижен американски медиум го издвои „Вранец Веритас“ од бербата од 2011 година и го смести меѓу најквалитетни вина од Балканот и од Мала Азија.

vashington post go smesti vranec na stobi megju najdobrite vina od balkanot i mala azija

 

Кон комплиментите за „Стоби“ деновиве се приклучи и американскиот весник „Инфорум“, а критичарот Рон Смит беше воодушевен од „Пино Ноар“ истакнувајќи дека станува збор за вино кое вреди да се побара и Македонија ја опиша како силен играч во интернационалната винска сцена.

Мекинтаер во текстот кој излезе месецов во „Вашингтон пост“ во тесната селекција на пет исклучителни вина од Балканот и од Мала Азија го стави и „Вранец Веритас“.

– Вранец е темно црвено грозје кое е поврзано со калифорнискиот зифандел и со балканскиот плавац-мали. Станува збор за прекрасно вино со убав мирис кое совршено оди со чадено месо или со говедска чорба – посочува Мекинтаер кој воедно го води и неговиот специјализиран блог.

7adac5cd-5884-41b3-abdc-113ce44c6e11

Критичарот на „Инфорум“ пак го издвои „Пино Ноар“ кое е лесно црвено вино со рубин нијанса и со силна арома на шумска јагода.

„Стоби“ уште од самото влегување на американскиот и британскиот пазар добива одлични оценки од огромен број на критичари кои пишуваат за светските најпознати медиуми како „Волстрит журнал“ и „Вашингтон пост“.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close