Пријавување субвенции за предадено овошје и зеленчук
Тече рокот за пријавување субвенции за предадено овошје и зеленчук во преработувачките капацитети. Финансиската поддршка за овоштарите и градинарите изнесува од 1,5 до шест денари за килограм во зависност од видот на производството.
До 25 декември можат да се поднесуваат барања за субвенции за продаденото овошје и зеленчук во преработувачките капацитети.
Барањата може да се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство заедно со потврдата за откупените количества.
За градинарски култури можат да аплицираат земјоделски стопанства кои го предале производството во периодот од 1-ви март до 25-ти декември годинава.
Висината на поддршката изнесува 1,5 денари за килограм зеленчук, освен за пиперките и корнишоните за кои ќе се добиваат по три денари.
За овошјето кое е предадено од 26-ти декември лани до 25-ти декември оваа година, субвенцијата изнесува два денари за килограм.
За праските предадени од 12-ти до 30-ти јуни може да се добијат шест денари, а за лубениците откупени од 3-ти до 15-ти јули, висината на поддршката изнесува два денари за килограм.