fbpx
ВестиТоп вести

Нов гарантен фонд за земјоделците

Министерството за земјоделство се подготвува за формирање на гарантен фонд за корисниците на ИПАРД фондовите. Планот е вратените пари од Јапонската помош од скоро 5 милиони евра да се искористат за полесен пристап до европските пари…

При користењето на средствата од ИПАРД програмата, според земјоделците, главен проблем е што претходно самите мораат целосно да ја финансираат сопствената инвестиција, а потоа можат да бараат поврат на трошоците од европските предпристапни фондови од Брисел во висина од 50 до 60 проценти.

Недостигот на сопствени пари ги принудува фармерите да бараат кредити од домашните комерцијални банки, често со неповолни услови за нив.

Министерството размислува за соодветен гарантен фонд за предфинансирање на земјоделците.

Во опција, се вратените средства од таканаречената јапонска помош во висина од 5 милиони евра кои стојат неискористени.

Во меѓувреме, Министерството разговара и со комерцијалните банки, а преку веќе постоечкиот гарантен фонд земјоделците може да добијат 50 проценти за хипотеката за гаранција на банкарските кредити.

Слични написи

Back to top button
Close