ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕМЕ ЗА ЗИМСКА ИСХРАНА НА СЈАГНИТЕ ОВЦИ?
При исхраната на сјагнети овци мошне важен период од развитокот на
ембрионот е последната третина од сјагноста.
Во овој период ембрионот добива 80% од својата породна тежина, пример:
Ако јагнето тежи 4кг.на денот на раѓањето тогаш 3кг. добива во последните
50 дена од сјагноста.Затоа треба да се обрне внимание на зимската исхрана
бидејќи кај нас воглавном овците се јагнат во зимскиот период, и тоа
претежно само еднаш годишно.
Бидејќи од зимскиот период, тоест. последните 50 дена од сјагноста се
всушност најсиромашниот период на испаша.
Затоа се препорачува прихранување во последните 50 дена од сјагноста со
кабаста храна (луцерка) и концентрована храна или зрнeста храна.
ПРИДОБИВКА ОД ЗИМСКАТА ИСХРАНА НА СЈАГНИ ОВЦИ
Целта е:
– Да се добијат по крупни јагниња
– Да се во добра телесна кондиција
– Обезбедување на поголема млечност во периодот на лактација
– По голема економска добивка
ПРОИЗВОДНИ УСЛОВИ ЗА ЗИМСКА ИСХРАНА И ЗИМСКО ЈАГНЕЊЕ НА ОВЦИТЕ
Одгледување на овците кај нас се одвива во најголем број на индивидуалните фармери- овчари, на традиционалниот постоечки начин. Повеќето од објектите треба да се соодветно направени како во просторност така и по прашањето на термоизолација, хидроизолација и по однос на вентилација.
Хигиената исто така треба да е на задоволително ниво.
Сето тоа налага за во иднина да се препорачуваат основните норми за изградба на овчарници уште пред започнување на изградбата на објектите,
да се соработува со соодветни стручни институции: АПРЗ, Министерство за
земјоделие и институт за сточарство,и др.
ПРЕДНОСТИ СО ЗИМСКАТА ИСХРАНА НА СЈАГНИ ОВЦИ
Со подобрената исхрана на високосјагнети овци во зимски услови и со
подобрените амбиентални услови се издвојуваат следните предности:
– Се добиваат значително по крупни јагниња
– Овците губат значително по мала телесна маса при објагнувањето и остануваат во по голема телесна кондиција.
– По голема млечност во периодот на лактацијата
– По голема телесна кондиција по одбивањето на јагнињата
– По тешки јагниња во време на одбивањето
– По големи финансиски ефекти
МЕТОД НА ЗИМСКА ИСХРАНА НА СЈАГНЕТИ ОВЦИ
Сите овци на 56дена пред јагнењето се одделуваат во посебно направени
простории каде остануваат се до објагнувањето.
Хранењето на овците во периодот од 56 до 42 ден пред јагнењето е со
луциркино сено со 0,45 крмни единици и со крвна смеска со 14% на
протеини 400 гр.
Горенаведената количина на храна како кабастата така и смеската се дели на
два оброка во текот на денот.
Во периодот од 42-28 ден пред јагнењето исхраната е со 750 гр. на сено
и 500 гр на крмна смеска.
Во период од 28-4 ден пред јагнењето исхраната е со 1кг сено и со 600 гр на
крмна смеска.
Од четвртиот ден пред јагнењето па се до јагнењето исхраната е само со
сено, поради неговата лесна сварливост.
Овој метод на зимска исхрана се поткрепува со делумна или куса испаша на
овците.
ЗАКЛУЧОЦИ
Со примена на оваа технологија се доаѓа до извесен степен на јасна слика за
предностите кои ги носи истата,а предностите се состојат во следното:
– Се зголемува телесната маса на овците
– Се добива по тешко јагне на самото раѓање
– Се добива по тешко јагне за време на продажбата
– Се зголемува млечноста на овците .
– Постои можност за по рано одбивање на јагнињата